Во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид во вторник (18ти април) повторно ќе биде изведена претставата „Аналфабет“ – комедија работена според Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески.
Во претставата играат: Горан Стојаноски – Максим Благадуша, Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија, Елизабета Стефановска – Магдалена Лапајкоска – Дупева.
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.
Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба. Во претставата се користат пиротехнички средства и истата не е за лица помлади од 14 години.