Финализира партерното уредување на просторот околу изворите „Долни Исток“ и воденицата во с.Велмеј

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во работна посета во село Велмеј каде што финализираат активностите за реализација на проектот за партерно уредување со поставување на урбана опрема на јавниот простор пред изворите „Долни Исток” и пред воденицата во село Велмеј. Со проектот предвидено е изградба на паркинг простор, поплочување на пешачки патеки, уредување на просторот пред старата воденица, озеленување на просторот, поставување на клупи и канти за отпадоци и осветлување на просторот.

Градоначалникот Трајкоски потенцираше дека реализацијата на овој проект за партерно уредување се задоволуваат потребите од озеленување на просторот, се оформува уреден паркинг простор, уреден пешачки простор и простор за одмор, дружење и рекреација. Содржините од овој проект ќе го збогатат и разубават овој дел од селото и ќе допринесат за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и збогатена туристичка понуда.

За проектот партерно уредување со поставување на урбана опрема на јавниот простор пред изворите „Долни Исток” и воденицата во село Велмеј, обезбедени се средстава од буџетот на Општина Дебрца со износ од 353.705,0 денари со пресметан ДДВ.