Лице од Неготино измамило двајца охриѓани ветувајќи им работа во Германија

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.К. (27) од Неготино.

Пријавениот, во периодот февруари-мај 2016 година, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, ги довел во заблуда Ј.С. и З.Р. двајцата од Охрид. Тоа го направил со поставување оглас на „Реклама-5” и лажно прикажување на факти дека посредува и нуди вработување во Германија. На телефонските повици, пријавениот лажно се претставувал кажувајќи дека се вика Дарко од Скопје и дека успешно посредува за добивање работа во Германија.

По неколку телефонски разговори, оштетениот Ј.С. на трансакциска сметка од пријавениот, уплатил сума од вкупно 37.000,оо денари за вработување во Германија. По истек на договорениот рок, Ј.С. не добил никакво известување за тоа кога ќе биде работно ангажиран велејќи му дека биле потребни уште пари за да се дозавршела веќе отпочнатата постапка. На истиот начин, пријавениот го сторил кривичното дело доведувајќи го во заблуда и З.Р. од Охрид. Во текот на мај минатата година, сега пријавениот на З.Р. му ветил работа во Германија, а за таа услуга побарал и добил 53.400,оо денари.