Распоред на богослужби за Велигденските празници до Томина недела

РАСПОРЕД НА БОГОСЛУЖБИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ЗА 2017 ГОДИНА

12.04.2017-ВЕЛИКА СРЕДА

НАУТРO: Часови и Архиерејска Преждеосвештена литургија,едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско, со почеток во 7 часот.

ВЕЧЕРТА: Мало повечерие со канон во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 17 часот.

13.04.2017-ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК

НАУТРO: Утрена со Василиева Архиерејска литургија со општ маслосвет,во манастирот „Св.Климент и Пантелејмон“-Плаошник, со почеток во 7 часот.

Богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид.

ВЕЧЕРТА: Бдение со читање на 12 Страсни Евангелија, во сите градски цркви, со почеток во 18.30 часот. Митрополитот г.Тимотеј ќе богослужи во црквата „Св. Георги“ – Струга

14.04.2017- ВЕЛИКИ ПЕТОК

НАУТРO: Царски часови со вечерна богослужба и изнесување на Светата Плаштаница, со почеток во 7 часот.

Митрополитот г.Тимотеј ќе богослужи во црквата „Св.Богородица“- Каменско

ВЕЧЕРТА: „Оплакување и опело на Христа“, почеток во 19 часот.

Митрополитот г.Тимотеј ќе богослужи во црквата „св.вмч.Ѓорѓи“-Охрид.

15.04.2017-ВЕЛИКА САБОТА

НАУТРO: Вечерна со Василиева литургија во црквите „Св.Богородица“- Каменско и „Св. вмч. Ѓорѓи“,, со почеток во 8.30 часот.

ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО

Воскресна богослужба во сите градски цркви со почеток во 23.30 часот.

Митрополитот г.Тимотеј ќе богослужи во манастирот „Св.Климент и Пантелејмон“- Плаошник,со почеток во 23.30 часот.

НАУТРO: 16.04.2017 – Втора литургија ќе има во црквите „Св.Богородица“-Каменско, и „Св.вмч.Ѓорѓи“-Охрид со почеток во 8.00 часот.

16.04.2017 – ВЕЛИГДЕН

Вечерна Архиерејска богослужба, Второ Воскресение со читање на светото Евангелие на повеќе странски јазици и делење на велигденски јајца, едноцрквие во црквата „Св.Софија“- Охрид, со почеток во 17 часот.

17.04.2017 – ΙΙ ДЕН ВЕЛИГДЕН-(ПОНЕДЕЛНИК)

Утрена со Златоустова литургија во сите парохиски цркви, со почеток во 8.30 часот. Архиерејска литургија во црквата „Св. вмч. Ѓорѓи“ – Струга.

18.04.2017 – ΙΙΙ ДЕН ВЕЛИГДЕН-(ВТОРНИК)

Утрена со Златоустова литургија во сите парохиски цркви со почеток во 8.30 часот. За Варош,во црквата „Св. врачи Козма и Дамјан“- Охрид.

20.04.2017 – СВЕТЛИ ЧЕТВРТОК

Архиерејска литургија во црквата „Св. Јован Богослов“- Канео, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9.00 часот.

21.04.2017 – ИСТОЧЕН ПЕТОК-БАЛАКЛИЈА

Утрена со Златоустова литургија ќе има во црквите „Св.Богородица“-Каменско, и „Св.вмч.Ѓорѓи“-Охрид со почеток во 7.30 часот.

23.04.2017 – ТОМИНА НЕДЕЛА

Архиерејска литургија во црквата „Св.Никола“- долна влашка маала, Охрид. Со почеток во 8:30 часот.