Кривична за кичевчанец и прилепчанец кои краделе од магацин на патот Кичево – Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба”, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Г.М. (44) од Кичево и П.П. (55) од Прилеп.

Пријавените, казненото дело го сториле на 16-ти март оваа година од магацинот сопственост на АД „Жито Караорман“, лоциран во близина на бензиската „Лукоил“ на магистралниот пат Кичево-Охрид.

Околу 10 часот, Г.М. и П.П. со намера против правно да присвојат туѓи подвижни предмети, со товарно моторно возило влегле во кругот на АД „Жито Караорман“ и од магацинот одзеле претходно складирани метални предмети сопственост на претпријатието. Пријавените, за кратко време ги натовариле металните предмети во товарното возило и незабележани од никого избегале, по што, истите ги продале во Отпад за старо железо во Кичево.

На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист оштетувајќи го претпријатието за околу 180.000 денари.