Кривична пријава за стружанец кој украл касетофон од автомобил

Поради постоење основи на сомнение за сторенo казненo дело „тешка кражба”, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.М. (33) од Струга.

Со намера противправно да присвои туѓи предмети, пријавениот, казненото дело го сторил во периодот март-април оваа година со бесправно одземање на авто радио касетофон марка Пионир“ од патничко моторно возило „БМВ“ со струшки регистарски таблици. На тој начин, тој се стекнал со противправна имотна корист од 25.000,оо денари.

Пријавениот, знаејќи дека сопственикот на патничкиот автомобил е во странство, успеал да добие информација дека истото е оставено на паркинг во гаражите од комплексот „Фати трејд“ во Струга. Во извршувањето на казненото дело, Н.М. употребил тврд предмет и насилно ги отворил предните врати од автомобилот. За кратко време, го истргал авто радио касетофонот од лежиштето во автомобилот и избегал.

Полициските службеници, по добиени оперативни информации, го повикаа Н.М. и по извршените разговори со него, го пронајдоа авто радио касетофонот и го вратија на сопственикот на возилото.