Отслужена литургија за Томина Недела

Денес, во Неделата по Пасха – Томина недела, во храмот „Св. Никола Чудотворец“ Долна влашка маала во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Сашо Ристески и Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати он верниците со пригодна беседа.