Во рамките на одбележувањето на 112 години од херојската смрт на Христо Узунов, денеска пред споменикот на војводата во Градскиот парк, свежо цвеќе положија делегации на Општина Охрид, институции, политичките партии и невладини организации.
Пред спомен-обележјето на Христо Узунов се одржа историски час и културно-уметничка програма.