Ученичката Анастасија Чутрова од ОУТУ „Ванчо Питошески“ освои Бронзен медал на 11-от Меѓународен гастрономски натпревар на угостителските работници „Доживејте ги највкусните моменти“ во Будва, Црна Гора.
Како дел од тимот на Гастромак – Македонија кој освои златен, сребрен и бронзен медал, ученичката бронзениот медал го освои во категоријата: готвење мени вклучувајќи предјадење, главно јадење и десерт.
Во тимот беше и Златко Танески исто така ученик од ОУТУ „Ванчо Питошески”. По Меѓународните гастрономски натревари годинава во Србија и Турција каде што Анастасија Чутрова заедно со Кристијан Китанов освоија грст сребрени и бронзени медали ова е трет висок успех на учениците од туристичкото училиште „Ванчо Питошески“ на меѓународни гастрономски натпревари.
Настапите на натпреварите ќе продолжат и во иднина во сѐ со цел стекнување нови вештини и знаења за учениците.