Јавен повик за пријавување на штети на земјоделски насади од ниските температури

Се повикуваат граѓаните на Општина Охрид кои сметаат дека ниските температури проследени со слана и мраз кои ја зафатија Општина Охрид на 21.04.2017 година им имаат нанесено материјална штета на нивните имоти и земјоделски насади, истата да ја пријават во просториите на општина Охрид.

Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот од 24.04.2017 година (понеделник), во Општински услужен центар, во архива на Општина Охрид, или на телефонскиот број 046/230-175.

Лице за контакт од Општина Охрид за пријавување на штетите е Дипл. Земјоделски инжинер Радован Вељаноски, Претседател на Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди.

Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и доказ за сопственост на имотот (имотен лист).

Барање за пријавување на штети