Во рамки на наставната програма по предметот Природни науки учениците од трето одделение од ОУ „Григор Прличев“ Охрид денес беа во посета на АД „ЖИТО-ЛЕБ“ Охрид.
Заедно со нивните наставнички учениците имаа можност да го видат процесот на производство на леб и бели пецива. Основците посетија различни погони за производство и пакување на различни видови на леб и пецива.
На крајот учениците беа почестени со вкусни пецива и си заминаа задоволни од посетата, секако понесувајќи со себе нови искуства и дополнителни знаења.
WebOhrid