Претседателот Трамп прави нешто што е многу неТРАМПистично. И тоа е нешто што загрижува. Тој дозволува политиката што ја спроведуваше администрацијата на Обама и Хилари да продолжи во иста насока, наместо да спроведува своја политика. Републиканците направија добар потег што во рамките на Конгресот започнаа истрага за грешки кои што во континуитет се случуваат од вработени во владиниот сектор, врз основа на политички насоките кон кои што дејствуваше претходната администрација, но тие сепак не ја спроведуваат својата политика. Зошто? Тоа би значело крај на превирањата што ја зафатија целата нација.
Таа нација е Македонија. И нивната националност е македонска. Американскиот Стејт Департмент и Американската амбасада во Македонија продолжуваат да го следат лево-ориентираното крило на Обама/Хилари, Џорџ Сорос, кој што ја финансира политиката на мешање во внатрешните работи во Македонија и тоа предизвикува хаос и ги засилува нападите врз етничкото потекло на Македонците и врз македонскиот суверенитет. Лево-ориентираните држави од Европската унија им се придружија на Соединетите Американски Држави и на невладините организации финансирани од Сорос, па побараа мандат за формирање влада да се даде на коалицијата која што ги прифати барањата за Голема Албанија, која што ги изгуби неодамнешните избори и ја прифати платформата со која што се бара промена на името на Македонија, идентитетот, знамето, химната и грбот и која што претставува закана за територијалниот интегритет на Македонија. Овие држави избраа да ја игнорираат колатералната штета само за да се реализира нивната идеја на власт во Македонија да бидат марионетите од левицата.
Масовни непартиски протести се оддржуваат низ целата држава. Македонците се обединија против Тиранската платформа и во одбрана на својата земја. Оваа платформа е изготвена во странска држава – Албанија и под патронат на албанскиот премиер Еди Рама. Класичен пример за странски интервенционизам. Рама неодамна сугерираше спојување на Косово и Албанија доколку Европската Унија го отфрли членството на Албанија во ЕУ. Класичен пример за регионална нестабилност.
Седум-децениската странска интервенционистичка политика практикувана и од левицата и од десницата во САД резултираше со американски инициран меѓународен хаос. Претседателот Трамп (исто како и Берни Сандерс и Ренд Пол) го потврди тоа и нагласуваше дека САД мора да прекинат со интервенции во странски држави. За Македонците ова не е проблем од аспект на левица или десница, па луѓето кои што се лево-ориентирани (за каков што и јас лично се сметам себеси), централистички ориентирани и десно-ориентирани ја бранат нашата земја и нашето битие,, како што би правела и било која друга нација. Да се дискутира за политичка припадност како општа цел по ова прашање е слично како и да се дискутираме за вкусови и омилени бои.
Стејт Департментот добива задачи од својот шеф, од претседателот. Која причина да ја изберете, господине Трамп, дали за да го исполните предизборното ветување, дали за да ставите крај на одлевањето на милионски суми собрани од даночните обврзници, обидувајќи се да имплеметирате влада во Македонија која што ќе биде раководена од Сорос (Judicial Watch поднесе и тужба во таа насока), дали за да овозможите демократијата и Уставот да бидат прифатени во Македонија, дали за да ги следите основните насоки за човекови права и да ставите крај на обидите за денационализација на една вековно стара нација, или за да ставите крај на политиките од Обама и Хилари и да спроведете ваша политика, затоа што вие сте претседател, тоа зависи од вас. Но тоа мора да биде направено. Сега и веднаш.
Бил Николов, претседател на Македонско меѓународно движење за човекови права