Вчера во 09.00 часот во ПС Струга било пријавено дека во с.Вишни, покрај црквата „Св.Атанасиј“, при изведување градежни работи, била пронајдена неексплодирана рачна бомба од Втората Светска војна.
Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување, пронајдената експлозивна направа е подигната за понатамошна постапка.