Секој петок „Отворен ден со граѓаните“ во МТСП

Секој петок од 9 часот до 13 часот министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во рамките на „Отворениот ден со граѓаните” ќе остварува средби со граѓаните на Република Макеоднија, во просториите на Министерството за труд и социјална политика.

„Ги повикуваме сите заинтересирани за средба со министерката Царовска, и воедно поради специфичноста на проблемите со коишто се соочуваат нашите корисници, како и заради укажувањето на должното внимание кон секој од нив, да се јават на телефонскиот број 02/3106 212 и да закажат прием.“- информираат од МТСП.