Бакрачески: Со методата Ротаблација пациентите ќе добијат лекување без класична хируршка интервенција

Денес во Заводот за кардиоваскуларни заболувања Охрид беше промовирана нова метода во рамките на одделот на Интервентна кардиохирургија. Како што истакна градоначалникот Никола Бакрачески, во принцип оваа техника не е толку нова , но потребата се наметнала за почеста употреба особено кај пациенти кои имаат комплексни запушувања на срцевите крвни садови.

„Во такви случаи се користи оваа метода на Ротаблација, каде со еден дијамантски сврдел се навлекува на една коронарна жица, се врши гребење на калциумските депозити, за да може во еден момент да се овозможи проаѓање на други жици и да се заврши со поставување на стент на срцевите артерии. Се работи за процедура која што е резервирана за редок број на центри, бидејќи нејзината употреба меѓу пациентите , варира од центар до центар од прилика од 3-7%. Нејзината примена се наложи со стареење на популацијата со усовршување на техниките и потрошниот материјал во интервентна кардиологија“, истакнува Бакрачески.

Ваквата метода се користи кај се поголем број постари пациенти кои што имаат комплексни запушувања. Во нашата држава оваа метода се употребува и во клиниката за кардиологија а од денес официјално и во Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид. Како што напомена градоначалникот Бакрачески, од пред 4 години во употреба е и интраваскуларниот звук со цел полсено овозможување на поставување на срцеви стентови.

Градоначалникот Бакрачески за заблагодари посебно на “Boston Sientific ” која што е производител на опремата и на потрошениот материјал за една ваква процедура.

„Заводот за Кардиоваскуларни заболувања една деценија наназад бележи интензивен раст и развој на оваа институција, како и постојано иновирање на нови техники кои се неопходни за завршување на ретки но комплексни процедури, кои може да се изведуваат само во мал број на центри.“

Според податоците кои ги изнесе Доцент др.Владан Лукшевиќ, заменик директор на Клинички центар на Србија , станува збор за навистина напредна технологија со која нема потреба од класична хируршка срцева интервенција.

„Ако пресметате 2-3% од 1 600 процедури ќе дојдете до бројка дека некаде околу 40 пациенти годишно со стандардна процедура на вградување на стент не може да биде излечен , бидејќи не постои техничка можност за тоа. Оваа метода ќе овозможи овој процент на пациенти да добијат лекување без отворање на градниот кош и без класична хируршка интервенција“, истакна др. Лукшевиќ.

Докторот посебно се заблагодари до тимот кој асистираше во салата за време на интервенцијата, а изрази и голема пофалба за самиот уреден простор во Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид, како и условите кои се најпозитивни за работа.

„Македонската кардиологија е водечка во регионот ,во однос на интервенциите кои се работат. Ние ги праќаме нашите доктори кај вас на обука. Она на што посебно ви завидувам е многу добра и квалитетна мрежа за лекување на пациентите. Македонија е прва земја од бивѓите југословенски држави која ја заокружила својата територија со доволен број на сали за интервенција, за сите пациенти,“ додаде Др. Лукшевиќ.