Охриѓанец со нож нападнал две лица

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.Б. (27) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при караница или тепачка”.

На 15.03.2017 година во 15:45 часот на градскиот пазар во Охрид пријавениот започнал жестока вербална расправија со С.Ф. од с.Лескоец, охридско, при што му упатил и сериозни закани. Во еден момент, пријавениот извадил нож и замавнал кон С.Ф., но и кон Е.Ф. од истото село. После тоа, од страна на граѓани, ножот му бил одземен и предаден на полициски службеници.