Основци од „Христо Узунов“ посетија повеќе институции од областа на финансиите и осигурувањето на Македонија

На покана на директорот на Агенцијата за Супервизија на Осигурувањето Климе Попоски делегација на ОУ „Христо Узунов“ составена од наставници и ученици посети повеќе институции од областа на финансиите и осигурувањето на Република Македонија.

Посетена беше Агенцијата за супервизија на Осигурувањето на Република Македонија каде учениците беа запознаени за потребите од осигурување, видовите на осигурување и начинот на осигурување. Потоа беше посетена и Комисијата за Хартии од Вредност на Република Македонија, делегацијата беше примена од Претседателот на комисијата Елизабета Чингаровска која на учениците им одржа предавање во однос што се тоаа хартии од вредност и како се тргува со нив. Учениците од двете институции добија прикладни подароци во книги и друг рекламен материјал за наведените институции.

Потоа се посети и канцеларијата на КД Фондови-повеќе штедење каде на учениците им се објасни што се тоа фондови и на кој начин може да се штеди во нив. Крајна дестинација беше посетата на Народна Банка на Македонија односно односно музејската поставка на Нумизматичката збирка која ја поседва НБРМ со што учениците и колегите беа запознаени со паричните средства кои од минатото до ден денешен се употребувале во Македонските држави до ден денешен до Суверена самостојна Македонија.

Директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски изрази голема благодарност до сите посетени институции за нивниот прием и професионален однос во спроведување на посетите и секако за дадените нови сознанија кои се научија кои ќе бидат од голема важност за учениците.