Меѓугенерациска средба помеѓу учениците од ОУ „Живко Чинго“ и охридските пензионери

На 12.05.2017 година, со почеток во 17:00 часот во спортската сала „Тодор Александров“ во с. Велгошти, ќе се одржи Првата Меѓугенерациска средба помеѓу учениците и пензионерите.

Првата меѓугенерациска средба ќе започне во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, со дружење и со одговарање на меѓусебно поставени прашања што се од заеднички интерес и на учениците и на пензионерите. Потоа ќе има пригодно обраќање на директорот на ОУ „Живко Чинго“,  Ѓоко Чингоски и Претседателот на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески.

После тоа ќе настапат ученици од ОУ „Живко Чинго“ со своја програма. Средбата ќе заврши со настап на Културно Уметничко Друштво „Далги“ при Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца.

Оваа средба се должи на успешно воспоставената соработка помеѓу ОУ „Живко Чинго“ од с. Велгошти и Здружението на пензионерите на општините Охрид и Дебрца.

WebOhrid