Во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охридскиот народен театар на 13ти мај (сабота) репертоарно ќе ја одигра седмата епизода од втората сезона на најпопуларното шоу „Импровокација”.
„Импровокација“ започнува во 21:00 часот, а влезниците се купуваат во музичката продавница Зи Зи Топ. Новата „ИМПРОВОКАЦИЈА“ носи нови игри и многу забава. Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.
Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е ко-продукциски проект помеѓу НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид и тројцата актери Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, подпомогнати од Филип Ангеличин – Жура.