Денес на денот кога го прославуваме празникот на светиот Атанасиј Велики (летен), во манастирот „Св. Атанасиј Велики“ (ман. „Св. Наум Охридски“) во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.
По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.