ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„Повикуваме веднаш да се најде решение за пожарот што се појави на локалитетот Мауцкер којшто наместо индустриска развојна зона, веќе неколку години е депонија.
Тоа што мандатот на градоначалникот и на советниците од денеска е истечен, не смее да ги доведе во ризик граѓаните и нивните имоти.
Од фотографиите во прилог може да се види дека гори сметот на локацијата којашто служи како отпад за градежен шут.
ВМРО-ДПМНЕ неодговорно го блокираше формирањето на новата Влада и го одложи изборот на нови локални власти. Но оваа партија на локално ниво со години штети на охриѓани и со конкретниот проблем, бидејки сметот од градот воопшто не се носи и не се складира во депонијата кај Буково, туку се расфрла и се закопува во Мауцкер, спротивно на законските прописи за управување со отпадот и заштита на животната средина.
Потребни се итно нова одговорна Влада и нови локални власти коишто нема да ги доверуваат во ризик граѓаните и нивното здравје.“ – се вели во соопштението од ОО на СДСМ Охрид.