Учениците од III 1 и III 2 одделение при ОУ „Григор Прличев“ – Охрид заедно со учителките Биљана Иваноска и Валентина Трпческа и дел од родителите, денес остварија посета на ТВ медиум Т-В Мики во рамки на програмата по македонски јазик, медиумска култура.
Учениците се запознаа со студијата, местото за монтажа на материјали, камерите, вработените, новинари, монтажери, камермани… Им беше објаснета работата на телевизиската куќа, задолженијата на вработените, начинот на кој се создава една емисија, вести.
Учениците со задоволство и големо внимание ги слушаа објаснувањата и беа интервјуирани од страна на вработените новинари за професијата новинарство.