Успеси на ученици од ОУ „Христо Узунов“ на Републичкиот натпревар по физика

На Републичкиот натпревар по физика што се одржа на 13.05.2017 година во ОУ„Христо Узунов“ – Охрид, ученичката Христина Митреска од деветто одделение освои трета награда, Драгана Усовиќ од осмо одд. исто така освои трета награда, а Ивана Пројческа од осмо одд. освои пофалница.

„Голема благодарност до семејствата од ученици при ОУ„Христо Узунов“ – Охрид кои беа одлични домаќини на гости – ученици од поодалечните места на државата.“ – велат од училиштето.