Изјава за медиуми Зоран Заев, претседател на СДСМ
„Разговорите течат со сите политички партии. Јас се надевам дека ќе ги заокружиме важните принципи за она што е интерес за граѓаните на Република Македонија и за нашата заедничка земја. Драго ми е што во тој дел работите се движат во позитивен правец. Верувам дека денеска, утре ќе почнеме да разговараме нешто и за ресорите и имињата, за да можеме преку вас да ги информираме граѓаните. Задоволен сум како течат работите, мене ми е драго што господинот Села е поздрав, за да можеме да влеземе во разговори со Алијансата за Албанците, така што, за се што ќе има ново веднаш ќе ве информираме.“
Одговор на новинарско прашање
Медиуми: Кога да чекаме Влада? До крајот на оваа недела или?
Заев: Јас би сакал уште утре. Правиме напори, ако не друго, заради Брисел, но верувам дека поважен е квалитетот, поважно е тоа што е интерес на граѓаните да биде сушествено се договорено, за да можеме предлогот да го испорачаме до Собранието на Р.Македонија.