Заев: Разговорите течат добро, ги заокружуваме принципите за состав на новата Влада

Изјава за медиуми Зоран Заев, претседател на СДСМ

„Разговорите течат со сите политички партии. Јас се надевам дека ќе ги заокружиме важните принципи за она што е интерес за граѓаните на Република Македонија и за нашата заедничка земја. Драго ми е што во тој дел работите се движат во позитивен правец. Верувам дека денеска, утре ќе почнеме да разговараме нешто и за ресорите и имињата, за да можеме преку вас да ги информираме граѓаните. Задоволен сум како течат работите, мене ми е драго што господинот Села е поздрав, за да можеме да влеземе во разговори со Алијансата за Албанците, така што, за се што ќе има ново веднаш ќе ве информираме.“

Одговор на новинарско прашање

Медиуми: Кога да чекаме Влада? До крајот на оваа недела или?

Заев: Јас би сакал уште утре. Правиме напори, ако не друго, заради Брисел, но верувам дека поважен е квалитетот, поважно е тоа што е интерес на граѓаните да биде сушествено се договорено, за да можеме предлогот да го испорачаме до Собранието на Р.Македонија.