Како дел од чествувањата на Св. Кирил и Методиј, во црквата Св. Софија во Охрид, на 27-ми мај (сабота) ќе се одржи концерт на растечка генерација македонски пијанисти.
Концерот ќе се одржи под уметничко раководство на проф. д-р Ана Гацева и проф. м-р Даниел Чуркоски.
Во рамки на концертот, воведна реч ќе има проф. д-р Димитар Пандев, а ќе настапат и актерот Јован Цветкоски и сопранот Галина Куценко.
Во сабота во 19:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот на Св. Кирил и Методиј во градскиот парк, а во 19:30 часот ќе започне културната програма во црквата Св. Софија.
Влезот за сите посетители е слободен.