Голем успех на учениците од ОУ„Григор Прличев“ на Државниот натпревар по Природни науки

Учениците од одделенска настава од V и IV одд. од ОУ„Григор Прличев“ Охрид на Државниот натпревар по Природни науки кои се одржаа изминатиот викенд остварија голем успех.

На Државниот натпревар по Природни науки Петар Крцоски ученик во V одд. под менторство на одд.нас.Наташа Драгичевич освои прва награда со освоени максимални поени, Јана Патчева ученик во V одд. под менторство на одд.нас.Наташа Драгичевич освои втора награда, Ивана Веруш и Софија Милевска ученички во V одд. под менторство на одд.нас.Наташа Драгичевич освоија трета награда.

На Државниот натпревар по Природни науки покрај петтооделенци учествуваа и четвртооделенци од ОУ„Григор Прличев“ и тоа Кристијан Клечкароски ученик во IV одд. под менторство на одд.нас.Фанче Наумоска кој освои трета награда на Државниот натпревар по Природни науки кој се одржа на 20.05.2017 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје.