Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски на денешната прес–конференција објави два списоци за репрезентативните собири на Македонија до 21 година. Едниот е со 17-ет играчи кои ќе патуваат на Европското првенство во Полска, а другиот е со новата генерација 1996/97, која се подготвува за циклусот квалификации за пласман на ЕП во Италија. Од тој список, Милевски ќе повика шест или седум фудбалери кои ќе патуваат за Полска.
На списокот на фудбалери кои се сигурни за континенталниот собир во јуни нема големи промени. Имињата се истите кои го понесоа товарот од квалификацискиот циклус и остварија најголемиот успех за македонскиот фудбал.
Голмани: Игор АЛЕКСОВСКИ (Вардар), Дамјан ШИШКОВСКИ (Работнички);
Одбрана: Ѓоко ЗАЈКОВ (Шарлроа, Белгија), Дарко ВЕЛКОВСКИ (Вардар), Висар МУСЛИУ (Ренова), Мевљан МУРАТИ (Шкендија), Егзон БЕЈТУЛАИ (Шкендија), Бесир ДЕМИРИ (Вардар);
Среден ред: Бобан НИКОЛОВ (Вардар), Енис БАРДИ (Ујпешт, Унгарија), Давид БАБУНСКИ (ЈОКОХАМА, Јапонија), Даниел АВРАМОВСКИ (Олимпија, Словенија);
Напад: Марјан РАДЕСКИ (Шкендија), Виктор АНГЕЛОВ (Ујпешт, Унгарија), Никола ЃОРЃЕВ (ГРАСХОПЕРС, Швајцарија), Филип ПИВКОВСКИ (Ландскрона, Шведска ), Кире МАРКОСКИ (Работнички)
Благоја Милевски го соопшти и списокот на повикани фудбалери од генерацијата 96/97 кои ќе се соберат на 1. Јуни.
Голмани: Филип ИЛИЌ (Гандзасар, Ерменија), Боби ЦЕЛЕСКИ (Македонија Ѓ.П.);
Одбрана: Давид АТАНАСКОВСКИ (Академија Пандев), Нехар САДИКИ (Работнички), Костадин Чешмеџиев (Македонија Ѓ.П.), Алекса АМАНОВИЌ (Јавор, Србија), Јован ПОПЗЛАТАНОВ (Пелистер), Стефан КОСТОВ (Брегалница), Бесарт КРИВАЊЕВА (Шкупи), Филип СТОЈАНОВСКИ (Аполониа, Албанија);
Среден ред: Ељиф ЕЛМАЗ (Работнички), Енур ТОТРЕ (Шкендија), Давор ЗДРАВКОВСКИ (Македонија Ѓ.П.); Стефан ЈЕФТОВСКИ (Локомотив Пловдив, Бугарија), Мартин МИРЧЕСКИ (Пелистер), Дин АЛОМЕРОВИЌ (Македонија Ѓ.П.), Калвин Н`СОМБО, Кристијан ФИЛИПОВСКИ (Силекс)
Напад: Емил АБАЗ (Спартак, Србија), Тихомир КОСТАДИНОВ (Злате Моравце, Словачка), Петар ПЕТКОВСКИ (Вардар), Селмани РЕМЗИФАИК (Ренова), Демир БЕНЈАМИН (Работнички), Бобан ГЕОРГИЕВ (Брегалница), Даниел КРЕЗИЌ (Одеволд, Шведска), Матеј ЦВЕТАНОВСКИ (Македонија Ѓ.П.).