Според најновата ФИФА рејтинг листа Македонија забележа пад од -3 места и сега се наоѓа на 136 место. Шанса за подобрување на рејтингот нашата репрезентација ќе има на 5 јуни на пријателскиот натпревар против Турција, како и на квалификацискиот натпревар против Шпанија на 11 јуни, се разбира доколку биде забележан позитивен резултат. Следниот рејтинг ќе биде објавен на 6 јули.
Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата каде остануваат Бразил, Аргентина и Германија.
Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Нов Зеланд од +17 места се искачи на 95 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Мавританија од -13 места и се најде на 104 место.
WebOhrid