На 09.06.2017 година околу 08:15 часот во дворното место од куќата сопственост на Б.С.(26) с.Туин-кичевско, додека истиот седел со неговото семејство, во еден момент дошло ПМВ Мерцедес“ од кое излегле И.А. и М.А. од с.Туин, по што настанала вербална расправија и во еден момент Б.С. влегол во куќата и од вториот спрат зел ловечка пушка која ја поседувал со дозвола од неговиот татко и од прозорецот испукал еден патрон во воздух, при што нема повредени лица ниту е направена материјална штета.
Од страна на УПС по овластување од ОЈО Кичево бил извршен увид местото на настанот, а со потврда за привремено одземени предмети оружјето е одземено за вештачење. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.