Милошоски: За набавка на медицински апарати предвидени 33 милиони евра

Во програмата на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ предвидени се вкупно 33 милиони евра за набавка на најсовремени медицински апарати и опрема за здравствените установи низ Македонија. Тоа денеска во Охрид го истакна Антонио Милошоски, носител на кандидатската листа на коалицијата „За подобра Македонија“ во петтата изборна единица.

„За здравствените установи во рамки на Петтата изборна единица предвидена е набавка на 930 медицински апарати, со вкупна вредност од 6,5 милиони евра, од кои три милиони евра за охридските болници и установи“, изјави Милошоски.

Тој најави и целосна обнова и реконструкција на Клиничката болница во Битола, целосна обнова и реконструкција на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, завршна фаза на реконструкција на Центарот за кардиоваскуларни болести во Охрид, како и завршна фаза реконструкција и опремување на болницата во Кичево.

„Цела петта изборна единица од овој момент натаму ќе продолжи со силни инвестиции во здравството и ќе  нуди многу поквалитетни здравствени услуги за сите наши граѓани.“– додаде Милошоски.

nova-medicinska-oprema-640x341

WebOhrid