Златен медал за ученичката Анастасија Чутрова од ОУТУ „Ванчо Питошески“

На 12-от Меѓународен натпревар во подготовка на јадења од риба во Ниш, Србија ученичката во трета година од ОУТУ „Ванчо Питошески“, Анастасија Чутрова освои златен медал во категоријата: сениори, јадење од риба. Исто така каке дел од тимот на Македонската aсоцијација на готвачи и шефови на кујни – ГастроМак, заедно ја освоија престижната Гран-при награда како севкупен победник на натпреварот.

Во различни категории, меѓу кои и филетирање риба, рибина чорба и рибин паприкаш ученичката успеа да го импресионира интернационалното жири со својата вештина и гастрономски финеси во подготовките на овој вид храна.