Лишен од слобода албански државјанин кој бил баран со меѓународна потерница

На 12.06.2017 година во Полициска станица Охрид бил задржан A.П. (48) од Корча-Република Албанија, кој претходно бил лишен од слобода на ГП „Ќафасан“ по издадена меѓународна потерница.

Истиот ден лицето е изведено пред Основен Суд Струга каде му е изречена мерка притвор во траење до завршување на постапката за екстрадиција. Веднаш потоа, од страна на полициски службеници е предаден во Казнено поправната установа – Затвор Охрид.