Во спортско рекреативниот центар ТИМИ, во Струга ќе се одржи четвртиот меѓународен натпревар во ЏУДО „Струга Опен 2017.
Настанот ќе се одржи во спортско рекреативниот центар ТИМИ во Струга на 17.06.2017. Свој говор на отворањето ќе имаат организаторите на натпреварот (претседателот на клубот, главниот тренер на клубот) и почесен гостин кој ќе го прогласи турнирот за отворен. На свечениот чин ќе присуствуваат видни бизнисмени, спонзори, функционери, пратеници, претставници од џудо федерација на Македонија, Претставник од Светска Џудо Федерација(можеби и градоначалникот на Општина Струга) и други видни личности. После натпреварот ќе се одржи тридневен тренинг камп 18/19/20.06.2017 на кој ќе учествуваат поголемиот дел од учесниците на натпреварот. Тренинг кампот ќе го води експерт од светска џудо федерација г-дин Габриел Сапта од Белгија мајстор 7 ДАН.