Показна вежба на спасување давеници и укажување прва помош

Во рамки на своите активности во делот на безбедност на вода, Црвен крст Охрид и оваа година, пред почетокот на летната туристичка сезона, ќе реализира показна вежба на спасување давеници и укажување прва помош, според соодветно сценарио.

Вежбата ќе се реализира на 18.06.2017 г. (недела) на старото пристаниште во Охрид (пред х. Палас) со почеток во 12:15 ч., а ќе ја следат гости од Црвен крст на Норвешка.