Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит риболов“, полициската станица од Дебар поднесе привична пријава против С.И. (31) и И.О. (26), двајцата од селото Долгаш, општина Центар Жупа.
Пријавените, казненото дело го сториле на четврти овој месец во 00.50 часот во водите на Дебарското езеро. Тие биле забележани во незаконит риболов од концесионерот на Дебарското езеро а потоа затекнати од полициските службеници. При извршената контрола, кај пријавените пронајдени се и одземени еден чамец марка „Интекс-Еxплорер 400“, една мрежа во должина од 400 метри и четири парчиња уловена риба.