СДСМ:Покренавме постапка за разрешување на Ѓорге Иванов, Собранието да биде свикано

Координаторот на Пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески, во изјава за медиумите истакна:

„Почитувани граѓани,

Денеска пратеничката група на СДСМ и опозицијата покренува постапка за утврдување одговорност на лицето Ѓорѓи Иванов кој нелегитимно извршува функција претседател на Република Македонија.

Со својата вчерашна одлука, како што рече тој, за општа амнестија на политичарите, Ѓорге Иванов стана заштитник на криминалците, го погази уставот, законите и достоинството на граѓаните што е државен удар.

Дополнително му зададе смртоносен удар на договорот од Пржино.

Затоа бараме Собранието на Република Македонија да биде свикано за покренување на постапка за утврдување на одговорност на Ѓорѓи Иванов.

Ги повикуваме сите парламентарни партии да ја поддржат оваа иницијатива и да преземат чекор за враќање на уставниот поредок во Република Македонија.

Вчера ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека не се согласува со одлуката на Ѓорге Иванов.

Ако е така ги повикуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да дојдат во Собранието и да го потпишат предлогот.

Само така ќе докажат дека се искрени во изјавите во спротивно ќе потврдат дека станува збор за договор меѓу нив и Иванов.

Иванов со неговото неуставно постапување врши дискриминација и создава поделба меѓу граѓаните, на политичари недопирливи кои сака да ги ослободи од одговорноста за тешки кривични дела и останати граѓани, обични смртници кои подлежат на казни и за минорни кривични дела.

Со ова Иванов е директен учесник во злосторничкото здружение против Република Македонија.

Македонија нема да дозволи да биде поразена.

Или Груевски или Македонија.

Ќе победи Македонија.“– рече Заев.