На 17.06.2017 година во 17:40 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со чешки регистарски ознаки, управувано од Н.П. (18) од Република Чешка и патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И. (25) од Охрид.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.Б.(34) од Република Албанија, сопатник од возилото „Фолксваген Голф“. Истиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во специјалната болница „Свети Еразмо“ каде му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид.