Од денес 18-ти јуни па се до 29 јуни, Охрид ќе биде домаќин на 15-тата Шаховска олимпијада за слепи и визуелно хендикепирани лица 2017. Оваа олимпијада ќе се одржи во хотелите Метропол и Белви.
На ова престижно меѓународно натпреварување, кое претставува значаен и голем спортски настан, за прв пат се организира во нашата земја, а учество ќе земат репрезентациите на: Македонија, Косово, Данска, Холандија, Украина, Обединетото Кралство, Јужна Африка, Шпанија, Италија, Словенија, Унгарија, Полска, Шведска, Романија, Србија, Хрватска, Бугарија, Литванија, Турција, Русија, Азербеџан, Индија, Молдавија, Грција, Германија, Црна Гора.
Ќе се играат 9 кола по Швајцарски систем.
Организатор на овој настан е Националниот сојуз на слепите на Република Македонија (НССРМ) во соработка со Националната спортска федерација на слепите на Македонија (НСФСМ) и Меѓународната Брајова Шаховска Федерација (ИБЦА), под генерално покровителство на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и Претседателот на Република Македонија, а во соработка со своите помагатели: Дрисла ДОО Скопје, Алкалоид АД Скопје, Општина Охрид, Лајонс Дистрикт Македонија 132, Пивара АД Скопје, Кожувчанка, Македонскиот Олимписки комитет и Црвениот крст на град Скопје.
WebOhrid