Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денес оствари прва средба со амбасадорот на Австралија во Република Македонија со седиште во Белград, Џулија Фини.
Министерот Димитров и амбасадорот Фини се осврнаа на билатералната соработка и го потврдија заедничкиот интерес за засилен ангажман за натамошно проширување на политичките односи, економската соработка и договорната состојба.
Министерот Димитров информираше за претстојните насоки и чекори на Владата на Република Македонија во евроинтеграцискиот процес, изразувајќи притоа цврсто убедување дека решителноста на новата Влада на Република Македонија да гради силни и независни институции и да овозможи прогрес на сите нејзини граѓани заслужува активна поддршка и од демократска Австралија.