Советот на Општина Охрид, на денешната седница ги прифати предложените одлуки за усвојување на извештаите за реализација на развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид 2017 – 2019 за периодот од 01.01. – 31.03.2017 година, за реализација на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.01. – 31.03.2017 година, за реализација на програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2017 година за периодот од 01.01. – 31.03. 2017 година, за реализација на програмата за заштита на животната средина и природата за 2017 година за периодот од 01.01. – 31.03.2017 година,за реализација на програмата за одржување на јавна чистота за периодот од 01.01. – 31.03.2017 година, за реализација на програмата за одржување и користење на паркови и зеленило за 2017 година за периодот од 01.01. до 31.03.2017 година, за реализација на програмата за спорт и рекреација за 2017 година за периодот од 01.01. – 31.03.2017 година, за работата на Секторот за образование, детска, социјална и здравствена заштита за периодот 01.03. – 31.03.2017 година, за работењето на Одделението за култура за периодот 01.01. – 31.03.2017 година, за реализација на развојната програма други комунални услуги 2017 – 2019 година за периодот од 01.01. до 31.03.2017 година, за реализација на развојната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици 2017 – 2019 година за периодот од 01.01. до 31.03.2017 година, за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води 2017 – 2019 година за периодот од 01.01. до 31.03.2017 година, за реализација на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување 2017 – 2019 година за периодот од 01.01. до 31.03.2017 година, за реализација на развојната програма за изградба на сообраќајна сигнализација за 2017 – 2019 година за периодот од 01.01. до 31.03.2017 година, за реализација на развојната програма за јавно осветлување 2017 – 2019 година за периодот од 01.01. до 31.03.2017 година, за реализација на развојната програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2017 – 2019 година за периодот од 01.01. до 31.03.2017 година, за реализација на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2017 – 2019 година за периодот од 01.01. до 31.03.2017 година, за реализација на програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2017 година за периодот 01.01. – 31.03.2017 година, а не беа прифатени извештајот за реализација на програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2016 година и одлуката за усвојување на дополнувањата на програмата за изработка на урбанистички планови за 2017 година.
Советниците ги прифатија и предложените одлуки за остварување на Буџетот на општина Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2017 година,за продолжување на работното време на угостителските објекти, за измена на распоредот на средствата во Буџетот на општина Охрид за 2017 година, за усвојување на измените на програмата за културни манифестации и творештво за 2017 година, за исплата на долгот на ОУ„Григор Прличев“Охрид кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија, за проширување на средствата на Буџетот на општина Охрид за 2017 година, за усвојување на дополнувањата на програмата за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2017 – 2019 година, за давање согласност на Одлуката за усвојување на годишниот план за вработување во ЈП„Нискоградба Охрид“ – Охрид за 2018 година, а беа прифатени одлуките за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на ЈП „Билјанини извори“.
Од урбанистичката сфера беа прифатени предложените одлуки за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето на Кп.бр.16287 и Кп.бр.16288 КО Охрид 3, за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.252/4 КО Велестово, за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.874/1 КО Љубаништа, за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.1678/1 КО Лескоец, за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.1790 КО Велгошти, за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.2591 КО Коњско, за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.2752/1 КО Велгошти, за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.2941/1 и Кп.бр.2941/2 КО Коњско и за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.3221 КО Коњско.