ВМРО-ДПМНЕ: Бараме продолжување на изградбата и завршување на автопатот Охрид – Кичево до крајниот рок

„Во пресрет на преубавата по обичај, летна туристичка сезона, во Охрид, денес се наоѓаме на трасата од автопатот Охрид – Кичево,.. од други причини. Пред неколку години, на радост на граѓаните од овој дел на Р.Македонија започна, проектот кој беше ветен од страна на ВМРО ДПМНЕ и ревносно и во континуитет неколку години имаше постојана и видлива реализација. Автопатската делница од Кичево до Охрид. Капитален проект кој преставува комплетно нов пат во должина од 57 километри и широчина од 26 метри кој исто така преставува дел од Паневропскиот коридор 8.“- рече на денешниот прес на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид, советникот/заменик градоначалник Ангел Јанев и уште додаде:

„Сигурно не треба да се укажува на значајноста и потребата на овој нов автопат за луѓето/патниците кои гравитираат околу Кичево, Дебрца, Охрид и цела Македонија.  Сигурно не треба да се укажува дека овој автопат треба/требаше да биде од огромно значење и за домашните и странските туристи. Говориме требаше, бидејќи деновиве сме сведоци дека градежните активности на се она што треба да преставува автопат се замрени.  Освен некои информации од средбата со Лин Лисјен, амбасадорката на Р.Кина во Македонија, на која средба се разговарало и за оваа тема, .. молк. Во името на голем број на граѓани на Охрид, Дебрца, … прашуваме

1) Зошто се прекинати градежните активности на оваа автопатска делница?

2) Воедно, бараме продолжувањето на изградбата и завршување на автопатот до крајниот рок, бидејќи токму овој проект, автопат Кичево – Охрид е проект кој е потребен за сите.

Дали ова преставува „Живот“ за граѓаните на Охрид и на овој дел од Р.Македонија – за Владата предводена од СДС, незнаеме, но со сигурност знаеме дека на овој автопат мора да бидат продолжени градежните активности. Негативниот пристап кон капиталните проекти кои што се започнати во време на Владата предводедена од ВМРО ДПМНЕ е непотребен и не е во полза на никого.  Политичката разлика помеѓу она што ВМРО ДПМНЕ го ветуваше, реализираше и даваше отчетност и она што владата на СДС го прави е очигледна, но ни под разно не треба да е на штета на граѓаните на Кичево, Дебрца и најмалку на Охрид.“- додаде Јанев.

Тој потсети и укажа дека имањето и завршувањето на државните капиталн проекти од овој тип, како што кажа сигурно ќе бидат причини повеќе за многу одлуки за останување, работа, развој и живеење на голем број на млади во овој дел на Р.Македонија.