Охриѓанка украла велосипед на бул. „Македонски просветители“

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.К. (41) од Охрид.

На втори мај годинава, во времето од од 11:30 до 12:00 часот, со цел да се стекне со противправна имотна корист, пријавената на булеварот „Македонски просветители“ во близина на „Македонска Пошта“, забележала, а потоа и одзела женски велосипед марка „Drag glide” бела боја.

Пријавената А.К. со извршување на казненото дело „кражба“ се стекнала со противправна имотна корист во висина околу 19.000,оо денари.