Продолжува да се тресе тлото во Охрид. Изминатата ноќ, односно рано утрово беа регистрирани нови три земјотреси:
- во 01:02 часот, со интензитет од 3.3 степени според Рихтер, на длабочина од 5 километри.
- во 02:48 часот, со интензитет од 2.4 степени според Рихтер, на длабочина од 1 километар.
- во 03:15 часот, со интензитет од 2.8 степени според Рихтер, на длабочина од 5 километри.
Епицентрите се наоѓаат на 6 километри југоисточно од Охрид.
Податоците се потврдени од страна на Републичкиот сеизмолошки завод од Србија.
WebOhrid