Тематска седница на Владата на Р. Македонија посветена на реформските приоритети

Тргнувајќи од значењето и посветеноста на Владата на Република Македонија на процесот за спроведување реформите за евро-атланските интеграции на земјава, денес (понеделник, 26.06.2017 година), за време на посетата на Македонија на Еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската унија, Јоханес Хан, предвидени се повеќе настани:

13:10 ч. – Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе се сретне со Еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската унија, Јоханес Хан (тет-а-тет средба, кабинет на Премиерот Зоран Заев).

13:25 ч. – Средба на делегација на Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев (во чијшто состав ќе бидат и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров) со делегација на Европската унија предводена од Еврокомесарот Хан.

(Билатерална сала, Влада на Република Македонија, медиумите ќе имаат можност за фото и видео инсерти на почеток на средбата)

13:40 ч. – Тематска седница на Владата на Република Македонија посеветена на итните реформски приоритети за евро-атланските интеграции на којашто ќе присуствува и Еврокомесарот Јоханес Хан.

(Сала за седници на Влада на Република Македонија, можност за фото и видео инсерти на почетокот на седницата).

14:45 ч. – Заедничка прес конференција на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и Еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската унија, Јоханес Хан

Прес корнер, Влада на Република Македонија, медиумите да бидат подготвени во 14.40 часот).