СВР Охрид нема упатено препораки за напуштање на домовите, да не се шират лажни информации

Секторот за внатрешни работи Охрид, денеска учествуваше на координативниот состанок на Кризниот штаб, Локалната самоуправа и претставници од Институтот за земјотресно инжинерство од Скопје (ИЗИС) и на Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје. Како дел од Кризниот штаб, СВР Охрид презема мерки што се делокруг на работа на полициските службеници, а во овие моменти ги прима и насочува граѓаните кои сакаат да пријават оштетувања од земјотресите и ги советува граѓаните согласно дадените насоки од експертите од Институтот за земјотресно инжинерство од Скопје (ИЗИС) и на Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.

Посебно напоменуваат дека СВР Охрид нема упатено насоки и препораки до граѓаните за напуштање на нивните домови и работни простории ниту пак презема било какви мерки за евакуација на институции и граѓани. Замолуваат, да не се шират такви лажни и други, за овој момент, крајно несоодветни информации, повикуваат на смиреност, а со граѓаните ги споделуваме советите и препораките на стручњаците од Институтот за земјотресно инжинерство од Скопје (ИЗИС) и на Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје дека нема простор за паника и дека не се очекуваат земјотреси со поголема јачина, освен афтершокови кои можат да потраат извесен период како и нивното дополнувње дека сепак земјотресите се уште не можат да се предвидат.

СВР Охрид, заедно со другите институции позитивно, конструктивно, целосно и транспарентно делува во интерес на граѓаните, службата е комплетно посветена на справување со вознемиреноста и другите последици од зачестените земјотреси.

Повикувааат на смиреност, да не се шири паника и да се почитуваат дадените препораки од Кризниот штаб како и од Црвен крст за постапување во случај на земјотрес. За било какви информации граѓаните може да се обратат на телефонските броеви на Центарот за управување со кризи 195 и полиција 192.