Сениорките ќе го започнат својот поход кон Европското првенство в ноември, против селекциите на Италија, Шведска и на Хрватска . Денес беше одржан ждребот на кој беа поделени 32. земји кои ќе земат учество на квалификациите за континенталното првенство. Вкупно 34 земји пријавија учество, а Латвија и Србија како земји-домаќини на групните фази беа изземени од ждребот и автоматски се квалификувани на првенството. На нив ќе им се придружат уште 14 земји кои в ноември ќе ја започнат битката за пласман на Европското првенство.
Првите два натпревари од евроквалификациите ќе бидат одиграни претстојниот ноември потоа следи пауза до февруари (втор прозорец) кога ќе се одиграат два натпревари, а финалните квалификациски натпревари ќе бидат одиграни во ноември 2018 година.
Првопласираните од групите се пласираат на првенството, како и шесте најдобри второпласирани.