Набавката на храната во хотелот „Изгрев Спа и аквапарк“ се врши од регистрирани и одобрени оператори

По неодамнешните информации за наводно труење со храна во хотелот „Изгрев Спа и аквапарк“, менаџерскиот тим на хотелот презеде итни мерки со цел утврдување на фактичката состојба. Претставници на хотелот, вчера остварија итна средба со дежурните доктори во двете смени во Општата болница во Струга, со странските тyристи кои во болницата се пожалиле на одредени стомачни тегоби како и co претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство — организациона единица Струга. Агенцијата, вчера во хотелот изврши вонредна официјална контрола во кујната и ресторанот и инспекциски надзор согласно Законот за безбедност на храна. Тоа е направено со цел постапување по сомнеж за труење со храна, а па сознание добиено од средствата за јавно информирање. При нивната контрола, со Записник констатирано е дека набавката на храната во хотелот „Изгрев Спа и аквапарк“ се врши од регистрирани и одобрени оператори за кои уредно се водат записи во соодветни контролни листи. Претставниците на Агенцијата евидентираа задоволително ниво на општата хигиена и другиот пропратен дел каде се врши подготовката на храната, соодветен контролиран температyрен режим на коморите за ладење, уредни санитарни книшки од вработените кои се во контакт со храна. Посебно напоменуваме дека, во записникот за извршен инспекциски надзор, покрај ова, претставниците на Аrенцијата за храна и ветеринарство, напоменуваат дека при контролата не се констатирани несоодветности од кои би била заrрозена безбедносrа на храната. Ова е дотолку позначајно што во нивниот Записник е наведено дека на ден 15.07.2017 година кога е извршена контролата, од 450 вкупен број на гости сместени во хотелот, со допопнителни 350 и 120 гости на две свадби и околу 200 лица вработен персонал, на одредени стомачни тегоби се пожалиле три лица. Тие не консумирале храна од хотелот туку надвор во друrи објекти.

Од разговорите со А.А. – туристка од Израел која е отседната во хотелот „Изгрев Спа и аквапарк“ и која пријавила случај на труење на нејзините две деца, добиена е информација дека пред оброкот во хотелот, децата конзумирале Смуги напиток што го купиле на место надвор од хотелот.

Во периодот од март до јуни оваа година, Јавната здравствена установа „Центар за јавно здравје“ – Охрид, во хотелот „Изгрев Спа и ахвапарк“, има извршено нехолку хемиско-бактериолошки тестирања и микро биолошки анализи на вода. Притоа, оваа реномирана установа, акредитирана oд ИАРМ co сертификат, според барањата на стандардот MKC-EN-ISO/IEC, со Извештај од тестирање, констатира дека испитуваните примероци вода, одговараат на Правилникот за безбедност на вода и припаѓаат на прва класа од Уредбата за класификација на водите.

„Поради овие факти, ги отфрламе сите наводи за труење со храна во хотелот „Изгрев Спа и аквапарк“ и сметаме дека истите се тенденциозни и невистинити. Хотелот „Изгрев Спа и аквапарк“ е сериозен субјект во туристичката сфера во Република Македонија и во странство. Нашиот врвен професионализам е препознаен и валоризиран кај домашните и странските тур-оператори поради што, не дозволуваме импровизации и неосновани напади врз нашето работење. За нашата беспрекорност во туризмот и хотелската дејност, сведочат напишаните изјави на илјадниците наши коминтенти и партнери и гости со кои, силно се гордееме.

Продолжуваме, неуморно професионално да работиме, на охридско-струшкото крајбрежје да носиме и сместуваме што е можно повеќе туристи од земјата и странство и да им ги покажуваме сите убавини на нашата татковина.“– велат од хотелот.