Кривична пријава за тројца охриѓани поради насилство

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.М. (23), Х.В. (23) и П.Д. (22), од Охрид.

Пријавените, казненото дело го сториле на 22 минатиот месец околу 21 часот пред продавницата „Гобекс“, во охридското село Лескоец, во момент откако вработената С.С. им кажала дека не е дозволено купување алкохолни пијалоци. Тогаш, пријавените, почнале непристојно да се однесуваат и со пцовки да ја навредуваат а потоа и физички ја нападнале заедно со нејзиниот сопруг Н.С. кој бил во непосредна близина и побарал од нив да престанат со навредите.

Во нападот, пријавениот О.М. употребил мала метална лопата –ашов која ја чувал во своето возило и на Н.С. му задал повеќе удари во пределот на десната рака и главата а потоа и на уште две други лица кои сакале да го оттргнат Н.С. од напаѓачот.

Повредените, пренесени се на хируршкото оделение во Општа болница Охрид, каде им е укажана неопходната медицинска помош.