За време на снимањето на подводни сцени од WebOhrid Aquatic, затекнавме многу отпад. Истиот беше собран од наша страна и депониран до најблискиот контејнер. Најзастапен отпад беше стаклото, кое доколку навремено не се извади од водите се крши на многу повеќе парчиња.
Би упатиле апел до сите: Да не фрлаат отпад, да не ја загадуваат природата и доколку забележат отпад да се потрудат истиот да го отстранат!
А сега, време е за убави нешта! Уживајте во најновите подводни снимки кои ги сними нашата подводна камера…
WebOhrid